Уникатен накит од дрво, месинг, сребро и друго, модни додатоци од волница, концептуални светилки и парчиња мебел беше претставено вчера на второто издание на изложбата на современ македонски дизајн, „Природба“, во „Концепт 37“. Бројните љубители на домашен дизајн можеа да ги погледнат и набават дрвените парчиња накит на Јасмина Главинче и Глигор Кузмановски.
Главинче, која работи под етикетата WizArt, претстави дрвени брошови, обетки и ѓердани, во форма на разни животни: жирафи, мачки, птици, зебри и кучето Лаика, како и предмети од секојдневието: пар чорапи, долна облека, радио, велосипед , серис за чај. Тука беа и нејзните веќе добро познати еко-честитки од садлива хартија.
Кузмановски, пак, ја понуди својата колекција „Дрвени приказни“, која премиерно беше преттавена во октомври, во истиот простор. Омнибусот од повеќе приказни работени во последниве година-две содржи минијатурен град на море, брошеви – шолји за кафе со стисната желба, обетки-книги, интимно катче, аморфни тела и уште многу други форми изрезбани од дрво.
Понудата на накит беше збогатена со разни форми од месинг и сребро, апстракни дизајни, човечиња, велосипеди, морски суштества и птици како излезени од некој анимиран филм во дизајн на Елена Ристовска. Дел од ѓерданите, обетките, прстените и брошевите беа збогатени со полускапоцени камења. Во нејзиниот креативен агол во „Концепт 37“ беа претставени и неколку моели на чанти од филц.
Современ накит, изработен во филигран-техника понуди Олгица Стојковска која стои зад брендот OSA Jewelry Design. Разните ѓердани, обетки, пртени и алки се со разиграна форма и збогатени со различно материјали, како камења и кожени елементи.
Организаторката на изложбата, Марија Рафаиловска, која создава плетени уникатни под етикетата Knitten Designs , престави модни додатоци: капи, чорапи, шалови, понча и неколку декоративни производи кои можат да се користат како: вазни, столни лампи, свеќници, перничиња декорирани со волница. Тие се урбани и уникатни, а покрај практичната страна, да топлат во студените зимски деновио, тие имаат и декоративната функција.
Посетителите во автентичниот амбиент на „Концепт 37“ имаа можност да уживаат и во симпатичните цртежи на графичкиот дизајнер Иван Петрушевски-Флим, современите светилки на Modular и минималистичките полици на Натали Ристовска и Мики Стефаноски.
Фото: Stylist.mk
3 Коментари
Do koga ke bide postavena izlozbata?
Изложбата заврши, дел од производите ќе бидат наскоро изложени на продажба во „Концепт 37“.
ok, fala mnogu