Одржување на модерниот стил за време на бременоста може да биде предизвик. Многу од креациите што го одбележуваат вашиот имиџ повеќе не ве собираат. Станувате попрактични и носите модели во кои ќе се чувствувате удобно. Но, тоа не значи дека треба да го напуштетите својот препознатлив стил. Облекувањето за време на бременоста може да се доживее и како позитивен предизвик, период во кој ќе осознаете нова страна на својот стил и ќе пробате нови модели, кои претходо не сте ги носеле, и што е најважно, ќе научите да уживате во модата на поинаков начин. Една од најпознатите модни блогерки Пернил Тајсбек, која го очекува своето прво дете, изминативе неколку месеци покажа дека бременоста може да се доживее како модна предност и дека и тогаш може да се носат трендовски парчиња и да се прават уникатни комбинации. Оваа 32-годишна трендсетерка и ѕвезда на социјалните мрежи, го задржа урбаниот микс на скандинавскиот минимализам и францускиот шик.
Таа советува да се носат креации со силуета и крој во кој нема да изледате како балон, напротив, ќе имате женствен имиџ. Иако многу трудници избегнуваат да носат горен дел до половина и избираат туники или фустани, таа храбро продолжи да носи маички по кратки ракави, кошули, тренерки и блузи со класичен крој, а нова димензија му даде на носењето на џемперите, кои ги комбинира со тесни здолништа, кожени хеланки или фармерки.
При изборот на капути според нејзе важно е моделот да има нагласени рамена, за да не изгледа како нависнат околу телото. Исто така според нејзе добар избор се мантилте и долгите јакни со нагласени јаки. Сталинзите често ги комплетира со палто со пепито шара, или со некој друг вечатлив дезен. Основата под капутите често е црна или во дискретна боја.
Фустаните и кошулите со флорални шари направени од мели лелеави материјали се иделани за во трудничките денови, тие нудат бесконешно многу можности за комбинација, не само со хулахопки, туку и со фармерки, хеланки, па дури и со долго здолниште. Чести носи и комбинезони, во комбинација со ролка или џемпер. Не се откажува од молив здолништата,кои сега се со подлабок горед дел, со подлабок шлиц, а често ги комбинира со некој колан кој е само украс и додаток со кој означува премин межу горното и долнито парче. Не заборава да го збогати имиџот со уникатна чанта, трендовскичевли, кои често се на висока потпетица, накит и очила за сонце.
1 коментар
A nekoj prilog za Plus Size fashion da napisete.
Ne samo sliki so anoreksicni modeli.
Thanks.