Топлото уникатно катче во Дебар маало – „Преплет“ на Магдалена Дилевска и Викторија Ланговска на 21 декември од 12 до 17 часот ќе стане место каде што ќе се споделува љубов и креативност. Двете креативки ќе ја збогатат празничната атмосфера и ќе се обидат за измамат насмевки и среќа со акцијата Еуфорично предновогодишно подарување.
Во концептуaлната продавница, каде што ги пласираат своите дизајни: платнени торби, пеничиња, постери со порака, тефтери, чаши за чај, брошеви и разни украси за домот, ќе понудат црвени, карирани, волшебни и необични детали како и многу светки, што на присутните ќе им ги направат денот и празниците поубави.
-Идејата за настанот ни е да ја поттикнеме новогодишната еуфорија и да им дадеме идеи како да подаруваат со љубов и внимание на сите што ќе дојдат или едноставно да си подарат нешто себеси. Им подготвуваме најразлични комплетчиња од разни детали кои што со сигурност ќе направат некого среќен и ќе му го разубават денот, а на одредени производи ќе имаме и попуст. За време на целиот настан ќе имаме новогодишна музика, колачиња, украсен амбиент и многу насмевки. Подготвуваме уникатни пакувања за производите, најразлични комбинации и предлози од нас, но исто така секогаш оставаме простор во подарокот да учествуваат и самите купувачи како на пример со избор на најразлични стикери кои што се вклучени во подарокот, честитки и сл. Нашата цел е да рашириме оптимизам, да докажеме дека малите нешта се оние кои што ќе нè направат посреќни и нека нашиот живот ќе биде ПРЕПЛЕТ од само убави моменти-велат Магдалена и Викторија кои го разработуваат брендот за уникати „Преплет“.
2 Коментари
Почитувана, девојките од „Преплет“ можетеда ги контактирате на prepletstudio@gmail.com или да ги побарате во нивното студио спроти „Кино Карпош„ http://preplet.mk/kontakt/
Zainteresirana sum za vasata roba dali bi mozelo da dobijam broj za kontakt ( bi mi trebalo vo pogolema kolicina)