Никој не се надеваше дека „обичните“ љубители на модата можат да станат фактор во индустријата. До пред седум години беше незамисливо во првите редови на модните ревии да седи некој друг освен модните уредници и музичките и филмските ѕвезди… Уште помалку, да заработуваат повеќе од дел од главните играчи на модната сцена. Но, благодарение на интернетот и експанзијата на социјалните мрежи, некогашните модни фанови и анонимците со уникатен моден стил станаа ѕвезди.
Блогерите, кои до пред некоја година се фотографираа и беа познати само за мала група на следбеници сега заработуваат илјадници долари од само едно појавување на настан, а брендовите постојано ги промовираат и тестираат новите парчиња преку нив. Уличната мода стана главен извор на терендовите…Следејќи ја оваа експанзија на блогерите, кои сега удобно живеат од своето хоби, влијателниот магазин WWD направи листа на најбогати меѓу нив.
Најдобрите од нив, благодарениа на својот блог, “тежат“ повеќе од милион долари. Заработката доаѓа од рекламни банери, промоција на производи, сопствени колекции и продажба која води преку главните онлајн продавници. За појавување на некои настани некои од нив добиваат хонорар меѓу 10 и 15 илјади долари, а некои достигнуваат цена од 50.000 долари.
Дваесет и тригодишната Рејчел Парсел, која стои зад блогот за мода и дизајн, Pink Peonies by Rachel Parcell,заработува 960. 000 долари годишно. Блогот Bag Snob на Тина Крег и Кели Кук, исто така има повеќе од 900 илјади долaри годишно, а се очекува наскоро да достигне милион. Меѓу топ-5 блогери со најголема заработка се Ејми Сонг (Song of Style), Кјара Ферањи (Blonde Salad) и Леандра Медин (Man Repellier), кои се вистински машини за правење пари.
Во врвот не е познатиот Брајан Греј-Џамбао (Bryan Boy), кој беше еден од првите блогери-ѕвезди што стекнаа светска слава и почит. Тој за WWD изјави:
-Не се доволни 100 илјади долари. За почетник во блогосферата , 100.000 можеби е голема сума, но оваа сума нема да ве однесе никаде, бидејќи имате многу расходи. Потребен е план и некој да го поддржи тој план-бели Брајан Бој.
2 Коментари
кај нас некако слабо да видиме некој квалитетни модни блогови… но причините за тоа се милиони почнувајчќи од тоа колку ни е развиена земјата се до тоа колку се ниски платите што придоднесува да не секој може да си овозможи брендирани парчиња облека.
bravo – sekoja cest