Младиот дизајнер на накит Горан Сиџимовски создаде уникатни очила и фустан на тема игра со сенки. Станува збор за проект од првиот семестар на Универзитетот за применети науки во Берлин – отсек моден дизајн, каде што студира Сиџимовски.
-Инспирацијата доаѓа од сончевата еклипса (помрачување) кога Месечината се наоѓа помеѓу сонцето и земјата. Зависно од која точка на земјата се набљудува сончевата еклипса постојат два вида на сенки. Целосна сенка – тотална сончева еклипса и парцијална сенка – парцијална сончева еклипса. Формата на фустанот е инспирирана од геометриската траекторија на овие сенки и е комбинација од класичен крој и директно драпирање на куклата. Употребени се природни материјали – 100 отсто волна во светло сива и небесно сина боја. Очилата се изработени од плексиглас. Формата на рамките е инспирирана од прстенот кој се создава околу сонцето при сончева еклипса-вели Горан, кој во моментов живее и се образува во Берлин.
Фотографиите ги сними Крис Филипс, модел е Олга Кристољубова, фризурата е на Дон Аретино, а шминката на Џанлука Венердини.
Авангардниот дизајнер на накит е препознатлив по изработката на накит од плексиглас, кој го комбинира со различни други материјали. Се паметат неговите колекции под името Горан Иан претставени во концептуалната продавница „Лудус“, пред четири-пет години, а под етикетата Flamboyant во 2011 ја создаде колекцијата со необичен спој на плексиглас со бисери. Изминативе години иако модно се образува во Берлин, тој е ангажиран и како креативен менаџер на Модниот викенд-Скопје.
1 коментар
Каде може да се најдат очилата во Македонија?
Фала.