Модната икона Каролин де Мегре, поранешна манекенка, амбасадорка на „Шанел“ и пример за париски шик изглед, се здружи со писателката Ан Берест, уредничката на францускииот магазин Stylist Одри Диван и со филмската продуцентка Софи Мас и заедно напишаа духовита книга со правила како да станете вистинска парижанка, наречена „Како да бидеш парижанка, каде и да си: љубов, стил и лоши навики“. Четирите парижанки ќе ве посоветуваат дека тегет бојата е вашиот најдобар пријател, дека никогаш не треба да ги носите грдите UGG чизми и дека никогаш, ама никогаш, не смеете да кукате поради вашето момче.
Авторките на книгата инсистираат дека без разлика на вашиот стил, ништо не е покул од паметот и мудроста. Каролин и трите пријателки пишуваат за модата и стилот, но и за мајчинството, исхраната, па дури и за тоа како да имате љубовник. Фасцинацијата со француските жени и нивното вродено чувство за шик стил и елеганција е далеку позната, ова четиво можеби ќе открие дел од нивните тајни. Едно од клучните правила е да пронајдете одредено парче што ќе биде ваш заштитен знак и ќе го носите скоро секојдневно.
Што никогаш нема да најдете во орманот на парижанка
Чевли со потпетици со средна висина. Зошто да го живеете животот на половина пат?
Логоа. Вие не сте билборд.
Најлон, полиестер, вискоза и винил, тие ќе ве потат и замирисаат.
Тренерки. Никој никогаш не треба да биде виден во нив. Освен вашиот фитнес тренер, па дури ни тој. Хеланките се подобар избор.
Фармерки накитени со светки и везови. Тие припаѓаат во Боливуд.
UGG чизми. Доволно е речено.
Тесен и краток топ. Немате повеќе 15 години.
Лажна дизајнерска чанта. Како и лажните гради, не може да ја поправите вашата несигурност преку фалсификати.
Што е вистина, парижанката кога би можела постојано би била гола под мантилот и би се чувствувала како во рајот.
Есенцијални модни парчиња на секоја парижанка
Фармерки, во секое време, насекаде и на кој било начин. Земете и’ ги фармерки на парижанката од нејзиниот плакар и таа ќе се чувствива гола.
Машки чевли. Едноставно затоа што секој вели дека овие шик рамни чевли не се наменети за жените, но вие ионака сте контраш по природа. Всушност, тоа е самата суштина на вашиот стил.
Чанта. Таа не е некаков додаток, таа е вашиот дом. Таа е неопходен хаос каде може да се најде и стара сметка за електрична енергија. Убава однадвор, само колку да го задржи изгледот. И колку никој да не праша што има внатре.
Мал црн блејзер. Додава елеганција на вашите фармерки (оние што ги носите секојдневно) и го носите во оние денови кога не сакате да изгледа премногу очигледно дека не сте се потрудиле околу изгледот.
Балетанки. Ваш еквивалент на влечки. Вие не избирате меѓу удобност и елеганција, за вас тоа е сè или ништо.
Мала свила марама. Таа има повеќе од една функција. Прво, таа додава малку боја на темната облека без да ризикувате да направите модна грешка. Потоа, кога врне, ќе ја ставите на вашата глава во стилот на Роми Шнајдер. И понекогаш, кога ќе ви снема тоалетни марамчиња, може да ја искористите да му го избришите носот на вашето дете.
Бела кошула. Иконска и безвременска.
Долг мантил. Се разбира, за потоплите временски услови. Знаете дека не ве топли како дебела јакна. Ама кога ќе облечете јакна, се чувствувате како доброволно да сте додале повеќе килограми.
Дебела марама. Токму затоа што не поседувате парка-јакна. И покрај што претендира поинаку, понекогаш навистина ви студи.
Преголем џемпер кој се лизга низ вашето рамо. Во него ќе се завиткате дента по забава, бидејќи е мек како мече, смирува како таблета, а кога е широк совршен е за деновите кога се чувствувате дека колковите ви се премногу големи.
Очила за сонце. Секој ден, дури и кога врне, затоа што секогаш постои причина за големи очила за сонце: премногу е светло надвор, мамурлак, солзи кои течат по вашето лице, желба да бидат мистериозни …
Предимензионирана кошула. Широка и со незакопчана во горното копче. Во принцип, ја позајмувате од вашето момче. Можеби никогаш нема да му ја вратите и веројатно еден ден ќе ја носите и кога сте во прегратка на некој друг. Љубовта може да избледи, ама модата трае вечно.
Многу едноставна, но многу скапа маица. Оваа противречност го води вашиот живот, како што слободата ги води луѓето – совршено сте среќни да им се предадете на најчестите трендови, сè додека можете да додадете знак на луксуз. Како резултат на тоа, ќе поминете часови во потрага по совршена маица, чија најфино испелетена ткаенина и малку транспарентната текстура ја прават да се чувствувате како да носите кашмир.
2 Коментари
Дали книгава се продава кај нас?
Сè уште не, во периодот кога ја баравме низ домашните книжарници не успеавме да пронајдеме макар издание на англиски. А немаме информација дека некој македонски издавач е заинтересиран за превод на книгата.