Заедничката љубов кон модата на двете другарки Даниела Ѓуровска и Александра Трпеска резилтираше со креирање заедничкиот моден блог Fashion Lab DNA во кој ќе сконцентрираат на фотографии и текстови за својот личен стил. Иако првите постови ги направија во средината на октомври, Даниела и Александра во четврток, 4 декември, со почеток од 21 часот во скопскиот кафе бар „Љубов“ официјално ќе го промовираат својот блог и ќе претстават изложба на модни фотографии со Сара Коцевска и Никола Ѓаковски од „Зачувај Момент“ во соработка со дизајнерката на накит Еми Норис.
>>Од каде интересот за мода и како тој се претвори во модиот блог Fashion Lab DNA? Како всушност дојдовте на идеја да отворите заеднички блог?
-Уште во средношколските денови, иако учевме во медицинско училиште, нас повеќе нè влечеше модата. Заедно учествуваме во сите модни натпревари, меѓу кои би ја издвоиле ревијата која ја направивме од рециклирани материјали. Модниот блог ни беше во план уште одамна, но се почуствувавме дека ова е право време. Сметаме дека имаме различен стил кој нè издвојува од другите и токму тоа беше идејата за блогот, прикажување на “swag” и “style” преточено во една модна приказна.
>>На што ќе се фокусира блогот и со какви теми ќе се занимавате?
-Првично на блогот ќе најдете содржини кои го опишуваат нашиот личен стил, но тоа не значи дека понатаму не сме заинтересирани за соработка со други креативци од сферата на модата.
>>Почнавте со текстови во октомври, но официјално блогот ќе го промовирате на 4 декември со изложба на модни фотографии. Како ја планирате за таа вечер?
-Одлуката промоцијата да биде токму сега беше спонтана. Во соработка со Сара Коцевска и Никола Ѓаковски (Зачувај Момент) и дизајнерката на накит Еми Норис се „роди” идејата за изложба, а воедно и промоција на блогот. На самата изложба која ќе биде одржана во четврток во „Љубов“, сите присутни ќе може да разговараат со нас во врска со целиот концепт на Fashion DNA.
>>Колку ја познавате македонската мода и кои дизајнери и автори од нашата сцена ви се омилени?
-Секојдневно ги следиме сите модни случувања и сметаме дека во Македонија модата сè повеќе се развива . Како една од омилените би ја издвоиле Ирина Тошева токму поради најзиниот автентичниот и урбан дизајн кој одговара со нашиот стил.
>>Кои светски и домашни блогери ги следите секојдневно?
-Заеднички омилен моден блог ни е Fabulous Muses, од коj црпиме инспирација. Даниела од светските ги следи Kristina Bazan и Chiara Ferragni, а пакАлександра го обожува edgy-стилот naLarissa Bruin. Од македонските блогoви би гo издвоиле Fashion&Couture.
>>Од кои модни икони се учи многу за стилот?
-Храбрите комбинации кои се надвор од модните „правила” ни се секојдневен потик „to think out of the box”. Сакаме да изгледаме поразлично, да сме претпознатливи по личниот стил. Најголема инспирација ни е Ријана која е прогласена за модна икона за 2014 година.
>>Бидејќи вашиот блог ќе се однесува на вашиот личен стил, како би го дефинирале?
Даниела: Би се опишала себе си како личност која сака да експериментира со својот стил. Го обожувам винтиџ-стилот, но не се ограничувам и знам да отидам и во сосема ралична насока. Сметам дека секој настан бара различен аутфит во зависност од пригодата, но сепак со еден претпознатлив „печат”. Сакам да се издвојувам сè во границите на нормалата.
Александра: Ако би требало да издвојам еден збор за да го опишам мојот стил тоа би било „swag“. Урбана кежуал варијанта преплетена со edgy додатоци е секогаш мојот прв избор. За мене тенка е границата помеѓу црните потпетици и jordans патики. Пасија ми се рачните часовници.
1 коментар
МОДНИ … ШТО???
ПЛАЧАТ ЗА .. ВНИМАНИЕ .. ДАЛЕКУ СЕ ОД МОДА …