Веста за смртта на дизајнерката и стилистка Лорен Скот вчера одекна во модниот свет, и додека се расветлуваат деталите за нејзината неочекувана смрт и дали посегнала по својот живот поради финансиски проблеми, да се потсетиме на нејзината работа. Иако повеќето медиуми сензационално во насловот за веста за нејзината смрт го ставија името на Мик Џегер, како единствената важна работа е тоа што му била девојка на славниот музичар, но мора да се нагласи дека и без тоа, Лорен беше успешна во она што го работеше.
Лорен во еден период, по манекенската кариера, работеше како стилист, Никол Кидман и беше една од клиентките, а во 2006 година го основа својот бренд на луксузна облека во кој фаворити за црвен килим пронајдоа Сара Џесика Џаркер, Мадона, Анџелина Џоли и Мишел Обама.
Нема коментари