Пред официјалниот старт на продажбата на очекуваната соработка меѓу модната куќа „Кензо“ и шведскиот хајстрит бренд H&M закажан за 3 ноември, од ден во ден се отркиваат нови детали поврзани со стилот на креациите, а најновата информација е дека се подготвува видео кампања. Видеото го режира Жан-Пол Гуд, а во него ѕвезди се Иман, Клое Севињи, Розарио Доусон, Руичи Сакамото, потоа раперот Chance the Rapper, музичарот Субои и активистот Xiuhtezcatl Martinez. По повод откривањето на ѕвездите од кампањата креаторите на „Кензо“ Керол Лим и Умберто Леон во Париз организираа вечера на која се дружеа заштитните лица на кампањата. Еве прв поглед на кампањата.
Нема коментари