Актерот Леонардо ди Каприо е познат активист за заштита на околината и првата на животните, па по третпат организара хуманитарен настан на кој во името на својата фондација собира средства за наведените цели. На вчерашната забава што се одржа на јахта во Сен Тропе се појавија голем број познатиличности како Боно и принцот Алберт од Монако, а гостите ги забавуваа Лана Дел Реј, Андреа Бочели и The Weeknd. Поддршка на настанот му дадоа актерите Бредли Купер, Едвард Нортон, Тоби Мегваер, потоа Мараја Кери, како и супермоделите Наоми Кембел, Доуцен Крос, Лили Доналдсон и Џоан Смолс.
Присутните учествуваа на аукција на која се наддаваше за приватен концерт на Андреа Бочели, приватен настап на Кевин Спејси, за слики на Дејмиен Хрст и Џеф Кунс, разни приватни предмети на познатите, со тоа што собраните средства преку фондацијата на Леонардо одат за проекти за заштита на животната околина, а еден дел е наменет за GiveForFrance.org, фонд за поддршка за семејствата на настраданите и повредените во неодамнешниот терористички напад во Ница. Голем број од гостите анонимно донираа пари на настанот. Фондацијата Леонардо ди Каприо од 2008 година кога е основана, има донирано повеќе од 59 милиони долари за 112 проекти во 48 држави.
Нема коментари