Во лондонската галерија „Сачи“ од денес до 1 ноември отворена е изложбата Mademoiselle Privé посветена на модната куќа „Шанел“, од почетоците, основањето од страна на на Коко Шанел и нејзината креативнст до денешен ден и работата на долгогодишниот креативен директор Карл Лагерфелд. По повод големата изложба се одржа забава во галеријата на која се појавија повеќе познати личности од светот на модата и забавата, заштитни лица на куќата како Кара Делевињ, Ванеса Паради и нејзината ќерка Лили Роуз Деп, потоа Џулиен Мур, Лили Колинс, Рита Ора, Лили Ален и скоро сите облечени во креации на „Шанел“.
Изложбата е реализирана како модно патување низ историјата на „Шанел“ – поставена од облека од различни колекциии, фотографии и инсталации, има поглед на високата мода и на колекцијата накит што Коко Шанел ја создаде во 1932 година, а направени се и реплики на нејзиниот апартман во хотелот „Риц“, на славните скали во парискиот бутик на куќата и на изгледот на првата продавница за шапки на Коко.
Нема коментари