Традиционално во завршницата на Канскиот филмски фестивал се одржува хуманитарната аукциска вечера на amfAR под мотото „Филмот против СИДА“, а овогодинешната тема на настанот што се случи во легендарниот Hôtel du Cap-Eden-Roc беше „Златното доба на Холивуд“. Но, наместо холивудски гламур кој ќе се повика на златното доба, на црвениот килим видовме доста манекенки во сексапилни и скоро провидни фустани. Бела Хадид изгледаше како да е гола во креацијата на Ралф и Русо, во провокативен фустан се појави и Шанина Шајк, а проѕирни креации избраа и Изабел Гуларт, Софија Ричи и Вини Харлоу.
Софистицирано и елегантно изгледаше Џесика Частеин во креација на „Прада“. Никол Кидман избра црн комплет на „Шанел“, а во црна боја и со панталони под светкав горен дел на Александар Меквин беше и Дајан Кругер. Дводелен дел од бела кошула и светкаво здолниште на Armani Privè е изборот на Ума Турман. Златно-сребрени и светкави тоалети носеа и Ирина Шајк, Рита Ора, Лара Стоун и Ева Лонгорија, а црни фустани со спуштени рамења имаа Коко Роша и Синди Бруна. Манекенката Наташа Поли изгледаше романтично во неутрален фустан, а од палетата на црно-бело и светкаво отскокнуваше Дуцен Круз во црвен фустан на Hugo Boss.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете линк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари