Оригинално објавен во септемврискиот број на Vanity Fair, овој едиторијал е реиздаден во декемврискиот број на шпанското издание на магазинот, што е повод да се потсетиме на фотографиите кои рекреираат забава од 40-тите години од минатиот век. Фотосесијата е направена во чест на традиционалната листа на најдобро облечени што магазинот веќе 60 години ја објавува и со која стана вистински арбитер на стилот на светско ниво. Наречен Blast from the Past, за потребите на едиторијалот ангажирани се најважните ликови од модата и шоубизнисот, но и од општествениот живот и политиката. Па така, на фотографиите ги гледаме Дита фон Тис во друштво на њујоршкиот градоначалник Мајкл Блумберг, Иман со стајлинг кој потсетува на Џозефин Бејкер, екстравагантната Дафне Гинис, Маноло Бланик и Мариза Беренсон, дизајнерките Џорџина Чепмен и Каролина Херера, потоа Алиша Кис, Сиена Милер, Клое Севињи, Попи Делевињ…
Нема коментари