Славната француска актерка, позната по улогите во „ Англискиот пациент “, „Чоколада“, „Три бои“, Жулиет Бинош е годинашната специјалана гостинка на 35. издание на фестивалот „Браќа Манаки” во Битола. Оскаровката ќе ја добие Специјалната награда „Златна камера 300″ за особен придонес во светската филмска уметност, кое ќе ѝ биде врачено на свеченото отворање. Таа овој период е активно е вклучена во светска промоција на нејзниот нов филм „Во облаците на Силс Марија“, гостувајќи на голем број еминентни фестивали, како што се Кан и Торонто.
Токму овој филм ќе биде прикажан во нејзина чест на свеченото отворање во Центарот за култура во Битола. Во „Облаците“ на Силс Марија играат уште и холивудските ѕвезди Кристен Стјуарт и Клои Грејс Морец. Филмот е напишан специјално за Бинош од режисерот Оливие Асаја.
Бинош во својата тридецениска кариера има играно во 58 филмови, добила 28 награди од речиси сите фестивали кои значат во светот на филмот, меѓу кои и „Оскар“ за најдобра споредна улога во Англискиот пациент од 1996 година. Таа во Битола ќе остане два дена.
„Браќа Манаки“ ќе се одржи од 13 до 19 септември. Добитник на специјалната награда „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност е Лука Бигаци, а добитник на наградата за животно дело „Златна камера 300“, Англичанецот Крис Менџис. Годинава два македонски филма ќе ги имаат своите премиери: „До балчак“ на Столе Попов и „Децата на сонцето“ на Антонио Митриќески. Вкупно 76 филма во осум категории ќе бидат прикажани на Фестивалот, меѓу кои и омаж на Милчо Манчевски. Годинашниот јубилеј ќе се одвива под слоганот „Кон ѕвездите“.
Нема коментари