Откако продефилираа на пистата на ревијата на „Валентино“ на Париската модна недела на почетокот на месецов, Дерек Зулендер (Бен Стилер) и неговиот колега-модел Хансел (Овен Вилсон) снимија фотосесија со креации од брендот. Тие позираа покрај Ајфеловата кула со манекенките Тилда Линдстам и Ксиао Вен Ју. Носат креации од машката линија за сезоната пролет-лето 2015, додека девојките се во модели од предесенската колекција. Појавувањето на ревијата беше маркетиншки потег со кој актерите го најавија вториот дел на култниот филм „Зулендер“ од 2001 година. Продолжението ќе пристигне во кината на 12 февруари 2016 година.
Нема коментари