Повеќе од само моден избор
Додека светот се простува од британската кралица Елизабета Втора, во бројните натписи покрај за нејзиното владеење, често се зборува и за нејзините карактеристични модни изданија во кои таа редовно се појавуваше.
Кралицата Елизабета Втора имаше посебно чувство за стил. Добра шапка, секогаш црна чанта со горна рачка и удобни чевли, ракавици, бисери и брош, но најпечатливо е што британската кралица во последните години скоро секогаш на јавни настани носеше комплети во живописни бои. Беше облечена во палто или костим од сако и здолниште во една боја, дури и во шапка во таа боја.
Постои причина зошто Елизабета Втора носеше комплети во интензивна боја.
Во документарецот „Кралицата на 90 години“, Софи, грофицата од Весекс ја објасни склоноста на нејзината свекрва за нијанси на виножито. „Таа треба да се истакне за луѓето да можат да кажат „Ја видов кралицата““, рече таа.
„Не заборавајте дека кога таа ќе се појави некаде, па сите од толпата на луѓе од два, три, четири, десет, 15 реда, сакаат да ја видат барем шапката на кралицата додека таа минувала покрај нив“ –додава грофицата од Васекс.
Роберт Хардман, биографот на кралицата, дури еднаш ја цитираше нејзината изјава: „Никогаш не можам да носам беж, бидејќи никој нема да знае која сум. Таа уште од младоста се водеше од идејата дека „Мора да ме видат за да ми веруваат“.
Нема коментари