Облечена во црна венчаница, една од ѕвездите на серијата „Девојки“, актерката Зосија Мемет минатиот месец се омажи со своето долгогодишно момче, Еван Џоникејт. Додека повеќето девојки се одлучиваат за невестински фустан во бел, кремаст, во шампањ тон или некоја пастелна нијанса , за церемонијата во природа, во околината на Њујорк, таа одлучила да отиде во крајност, избирајќи црн модел.
Елегарната долга тоалета со длабок шлиц и деколте, е со потпис на Givenchy. Бохо-стајлингот за церемонијата ѝ бил надополент со долг дијамантски ѓердан, и дискретни обетки, како и темноцрвени цветови на нејзината коса.
Во интервју за Vogue, Зосија, која е ќерка на Дејвид Мемет, изјави дека никогаш не си ја замислувала својата свадба класично…Повеќе сонувала да го најде идеалниот партнер, отколку да ги има совршениот фустан или венчавка. Нејзиниот избраник, пак, се одлучил за класична варијанта за младоженец- со црн костум и бела кошула.
Нема коментари