Култниот филмски лик Дерек Зулендер и неговиот колега-модел Хансел продефилираа на пистата на ревијата на „Валентино“, што се одржа денеска во Париз. За само неколку минути, навидум класичната модна презентација на колекцијата есен-зима 2015 на италијанскиот бренд, за време на Париската модна недела, прерасна во вистинси спектакл. На социјалните мрежи, „Фејсбук“, „Инстаграм“, „Твитер“ се појави лавина од видеа и фотографии со Зулендер-толкуван од комичарот Бен Стилер и Хансел- глумен од Овен Вилсон. Нивното појавување ги подгреа шпекулациите дека може да се очекува втор дел на „Зулендер“, нешто што го потврди Paramount по ревијата. Филмската куќа обелодени дека продолжението на хитот од 2001 година ќе пристигне во кината на 12 февруари 2016 година. Стилер и Вилсон сериозно, доследно на ликовите од фуилмот ги износеа креации од „Валентино“. Подоцна се фотографираа и со највлијателната модна уредничка, Ана Винтур.

Бен Стилер (ака Дерек Зулендер) и Овен Вилсон (Хансел) со уредничката на Vogue, Ана Винтур
Нема коментари