Обожавате да комуницирате со гифови? Тогаш ќе ги обожавате овие уникатни македонски гифови од ТВ-серијата за омилениот лик од детството, Зоки Поки!
Гифовите се достапни за користење на Viber, WhatsApp, Messenger, Twitter и на сите други платформи кои поддржуваат гифови. За да ги најдете, треба да пребарувате со клучните зборови „зокипоки” или „zokipoki”.
Ова се нашите омилени 10 гифови, а сите гифови можат да се најдат на официјалниот Giphy канал.
1. Кога ќе добиеш бакнеж од симпатијата:
2. Кога „учиш” за викенд:
3. Кога не си импресиониран од десертот од детството на татко ти:
4. Кога си „на точак”:
5. Кога правиш стомачни:
6. Кога ќе ти стигне плата:
7. Кога не ти оди денот:
8. Кога ептен ќе се налутиш:
9. Кога ќе се успиеш:
10. Кога ќе ти го купат сиот свет:
Последната епизода од првата сезона на „Зоки Поки” ќе се емитува во четврток (04.06), а репризи на последните две епизоди ќе има во сабота и недела во 19:00 часот на првата програма на Македонската телевизија.
Епизодите се достапни за гледање и на веб-страницата ZokiPoki.mk и на официјалниот YouTube канал.
Нема коментари