Британската видеоблогерка Зои Саг, позната под името Zoella, зработува 50 илијади фунти месечно, јавува The Sunday Times. Оваа 25-годишна девојка се популаризира со својата страница Zoella на YouTube, на која објавува видеа за мода, убавина и здравје, а пренесува и делови од својот личен живот. Нејзините туторијали за стил и убавина, кои ги објавува од 2009 година, ѝ донесоа повеќе од 10 милиони следбеници YouTube, а доста е популарна и на Twitter и Instagram.

Деби-книгата на Zoella, Girl Online, беше продадена во 78.109 копии во првата недела
Зои Саг, која е родена во англиското село Лакок, а денс живее раскошно во Лондон, пред две години со својата деби-книга Girl Online ја надмина авторката на славниот серијал „Хари Потер“, Џ.К. Роулинг. Изданието на YouTube сензација беше продадена во 78.109 копии во првата недела, со што го урна рекордот на Роулиг. И покрај признанието дека влогерката позната под името Zoella имала помош при пишувањето на книгата, тоа не им пречеше на купувачите да набават примерок. Има лансирано и своја линија за козметички производи, Zoella Beauty. Добитничка е на повеќе награди за највлијателна видеоблогерка и за најследена блогерка за убавина.

Во 2014 лансира своја козметичка линија Zoella Beauty

Зое со своето момче Алфи Дејс, кој исто така е ѕвезда на YouTube

Туторијалите за мода и убавина на Зое ги следат 10 милиони луѓе на YouTube
Нема коментари