Пејачка, актерка и кул девојка, Зое Кравиц отсега е и муза и заштитно лице на козметичката линија на „Ив Сен Лоран“. На вчерашниот настан на брендот во Лос Анџелес официјално е промовирана за ново лице на YSL Beauty, а на настанот се облечена во бел фустан со ѕвезди како мотив и кожена јакна, креации на „Сен Лоран“, и со вшечатлив црвен кармин на усните.
Според договорот Зое ќе дели совети за шминка на социјалните мрежи и ќе се појавува во новиот видео-проект на YSL наречен Before the Light, кој ќе открива како музичарите од целиот свет ја користат шминката како уметничка форма.
Пред неколку седмици кога беше објавено дека Крaвиц ќе биде главно заштитно лице на YSL Beauty за САД, таа на Инстаграм објави кои се нејзините омилени козметички производи со потпис на „Ив Сен Лоран“ – YSL’s Éclat Blur Perfector, коректорот Touché Éclat Pen број 5.5 и карминот Rouge Volupté Shine број 47 Beige Blouse.
-YSL отсекогаш бил еден од моите омилени брендови. Способноста да се комбинира шик изглед со авангарден стил за мене секогаш претставувал еден од најдобрите начини да се изразиш преку модата и убавината. Ништо не е принудно, ништо не е лажно, постои смелост, сила и бестрашност. Возбудена сум што ќе соработувам со оваа легендарна и безвременска компанија – изјави Зое.
Нема коментари