Актерката Зое Кравиц во новата година првите објави на својот Инстаграм профил ги посвети на нејзината свадба со Карл Глусман, што се одржа во јуни минатата година. Таа објави повеќе црно-бели фотографии кои меѓу другото го откриваат венчалниот фустан – креација на дизајнерот Александар Ванг направена по мерка.
Свадбената веселба се одржала во куќата на нејзиниот татко, музичарот Лени Кравиц, во Париз. На фотографиите ги гледаме Лени и мајката на Зое, актерката Лиза Боне, која што беше во присуство на нејзиниот сопруг Џејсон Момоа. Меѓу гостите може да се забележат Дензел Вашинтон, Алиша Кис, Кара Делевин и нејзините колешки од серијата „Големи мали лаги“ – Никол Кидман, Риз Витерспун, Лора Дерн и Шејлин Вудли.
Нема коментари