Младата актерка и пејачка Зое Кравиц и манекенката Ана Еверс која според Models.com е модел на 2015 година, се појавуваат заедно во кампањата на „Баленсијага“, во која ја промовираат колекцијата за пролет–лето 2016, последна дизајнирана од страна на Александар Ванг за модната куќа. Двете девојки изгледаат етерично, малку романтично, но и малку разбушавено, токму како расположението од колекцијата. Фотографиите на капањата се на Стивен Клајн. Германската манекенка Еверс долго време важи за муза на дизајнерот Ванг, додека Кравиц се појави на пистата на ревијата за оваа колекција на „Баленсијага“ за време на париската модна недела во октомври минатата година.
Нема коментари