Познатите шминкери, бјути блогери и стилисти информираат за хит техника sandbagging, препорачувајчи дека мора да ја пробате. Знаете ли воопшто што значи sandbagging!? Во недостаток на конкретен превод, ќе го користиме овој англискиот, позајмен од сосема нешто друго – техника на редење вреќи со песок за да се спречи поплава, што описно кажано во делот на убавината и шминката би значело „нанесување голема количина на транспарентна пудра при шминкањето, со цел да се спречи растекување и насобирање на шминката“. Техниката е иста како baking, со тоа што сега процесот е насочен на делот под очите и под усната, создавајќи бариера за да се спречи растекувањето на карминот или насобирањето на коректорот. Овој начин го користи шминкерот на Ким Кардашијан, Марио Дедивановиќ, а сè што прави Ким го следат милиони обожавателки и станува тренд, без разлика дали нам тоа ни се допаѓа или не. Како се применува? По нанесувањето на течната пудра и коректорот нежно се натапкува голема количина на транспарентна пудра во прав во делот околу очите и усната, пред да почнете да ги шминкате очите и да намачкате кармин или друг производ за усни. Идејата е пудрата во прав да делува на ист начин како песочните вреќи за време на поплава, да го впие вишокот на масти и влага и да формира бариера. 1.Нанесете ја течната пудра и коректорот онака како што тоа секогаш го правите 2.Потопете го работ на козметичкиот сунѓер во пудрата во прав и нанесете дебел слој на наведените места (ѕирнете ја фотографија со Ким) 3.Нанесете шминка на очите и кармин како и секогаш, со тоа што сега пудрестата бариера нема да ви дозволи шминката да се размачка и ја премиме поставената граница 4.Потоа едноставно со мека четка и со лесни движења изстресете го вишокот прав Покрај тоа што карминот нема да се размачка ниту за време на шминкањето, ни во следните неколку часа, оваа техника е особено одлична за оние со темни дамки под очите, а не само што ги демаскира, туку и спречува и насобирање на коректор во овој дел од лицето.
Нема коментари