Облеката со златен одблесок е со толку многу силен интензитет што бара посебен став и карактер на оној што ќе ја одбере да ја носи. Златната или ја сакате или не можете да ја замислите во вашата гардероба. Златната или ја носите како од глава до петици или ја дозирате во мали количини преку модни детали. Златните фустани се незаменлив дел од вечерните излегувања и свечените пригоди како што е новогодишна забава, а често може да се забележат на црвениот килим.
Модните пзонавачи велат дека златната е новата црна! Опсесијата на дизајнерите по оваа блескава боја се докажа и во овосезонските колекции. Со златната се заиграа Марк Џејкобс, Фрида Џанини во колекцијата на „Гучи“, Џајсл Дикон, златни креации видовме и кај „Пучи“ и „Балман“. Најзаразени од оваа златна грозница се Доменико Долче и Стефано Габана кои претставија колекција инспирирана од сицилијските златни мозаици, која исто така содржи златни круни, накит и детали кои реферираат на вистински кралици.
Ако златниот фустан е е премногу за вас, еве неколку идеи како да ја аплицирате бојата, а да не изгледате кич и пренападно – во облик на чевли или клач-чанта, ама не заедно во една комбинација, преку материјали украсени со златни детали или нитни аплицирани на облеката, потоа преку накит, но и со златно обоени очи или златен лак.
Нема коментари