Една декада откако актерката Никол Кидман му даде филмски шмек на славниот парфем Chanel No. 5, топ-моделот Жизел Бундшен е негово ново заштитно лице. Таа деновиве на „Инстаграм“ го најави новиот краток промо филм за култниот парфем на „Шанел“. Бразилската манекенка ја сподели фотографијата од снимањето на видеото, каде што е седната на џиновска осветлена петка. Босоногата Жизел на себе има едноставен црн фустан и впечатлив ѓердан со бисери. И новиот видеоклип го режира Баз Лурман, познат по сракошните филмови како „Мулен руж“, „Големиот гетсби“, „Ромео и Јулија“, „Австралија“ и други.
Chanel No. 5 е првиот парфем лансиран од легендарната дизанерка Коко Шанел, кој во продажба се нашол на 5 мај 1921 година.
Нема коментари