Бразилскиот супермодел Жизел Бундшен е заштитно лице на новите козметички производи на „Шанел“. Линијата Les Beiges оваа година е надополнета со компактна пудра и мултифункционална течна основа. Пред една година, со идеја да создаде бевременска природна шминка, „Шанел“ ја лансира колекцијата Les Beiges.
Во нејзината основа е пудра што ѝ дава нежен сјај на кожата и со неа таа изгледа здраво и младешко. Жизел лани го промовира и овој производ. Сега како додаток е лансирана линијата на трибојни компактни камени пудри Healthy Glow Multi-Colour Powder и тонерот All-In-One Healthy Glow Fluid SPF 15 кој ќе биде во шест нијанси.
Нема коментари