Бијонсе не е модната икона вои семејството Ноулс. Можеби е многу попозната, ама нејзината сестра Соланж е таа која се смета за повеќе модно освестена и похрабра во имиџот. Препознатлива е по комбинирањето на различни бои и шари, што беше причина американското издание на Harper’s Bazaar за својот априлски број да ја повика Соланж и заедно да направат колоритен моден едиторијал. На фотографиите на Џулија Нони ја гледаме Соланж во шарен комбинезон од „Москино“, ретро фустан од Томи Хилфигер, необични сандали од „Марни“ и во едно од најпрепознатвливите парчиња на сезоната, фустан со шарени испрекинати ленти од „Шанел“.
Нема коментари