Ако ги следиме инструкциите на институтот Pantone оваа година е во знакот на пастелно розови и сини тонови, не само во модата, туку и во целокупниот животен стил. Стручно наречени rose quarz и serenity, овие две нијанси може да го освежат домашниот ентериер, сè додека не се претера со интензитетот или не се пренатрупа просторот со многу пастелни предмети. Доколку ви се допаѓаат овие пастелни тонови, внесете ги умерено во домот преку ѕидовите, мебелот, килимите, украсните перници, сервисот за јадење, вазните или постелнината.
Нема коментари