Што сè содржи плакарот на еден супермодел?! Vogue влезе во домот на Амбер Валета и ѕирна во гардероберот на манекенката што стана позната во 90-тите, но сè уште работи и се појавува и во последната кампања на „Манго“. Во серијата Supermodels Closets на американски Vogue, Амбер открива што има во него – фустан сошиен од страна на баба ѝ, еден винтиџ фустан од Џон Галијано, бунда од вештачко крзно што Карл Лагерфелд ѝ го има дадено во една ситуација кога ѝ се изгубил куферот, едни шарени панталони од Версаче, син фустан од првата колекција на Том Форд за „Гучи“, откачени чизми со потпис на „Баленсијага“… Видеото на You Tube е всушност 360° видео и може сами да навигирате кој дел од плакарот сакате да го видите. *Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари