Ако актерката Натали Портман некогаш сака да избега од метежот и вревата на Лос Анџелес, таа сега има совршено скривалиште. Оскаровката неодамна купи имот во Монтесито, во округот Санта Барбара на брегот на Калифорнија.
Ултра-модерената куќа е дизајнирана од страна на архитектот Бартон Маерс, има околу 350 квадрати и е сместена на простран имот кој нуди приватност и околу неа има типично калифорнска вегетација. Куќата изградена на падина направена е од челик, стакло и бетон, и се состои од четири спални соби и пет луксузни бањи, модерно уредена кујна и огромна дневна соба со прекрасен поглед на Пацификот. Во домот има и библиотека, соба за играње и други простории во кои ќе уживаат Натали и сопругот Бенџамин Милипајд со нивните две деца. Натали со семејството живее на релација Њујорјк-Лос Анџелес, а оваа модерна куќа во Монтечито ќе ја користат за одмор.
Куќата на падина има дневна поврзана со кујната и трпезаријата во еден огромен простор со висок таван и процори кои се како стаклен ѕид и обезбедуваат величествен поглед. Домот е уреден во загасити тонови и со мебел кој е микс на модерен стил со парчиња од средината на минатиот век. Во дворот има базен, отворена кујна со бар и дел на дружење со отворено огниште, повеќе места за релаксирање и предел уреден со камења, грмушки и зеленило препознатливо за овој дел од Калифорнија.
Нема коментари