Линијата Mango Man на популарниот шпански бренд го презентира познатиот француски фудбалер како заштитно лице на новата кампања #zidaneformango за есен-зима 2015/15 во рамките на Париската модна недела. Брендот Mango ја искористи шансата и за време на модната недела ги повика медиумите на средба во студиото Pin Up, на која Зидан позираше во неговиот карактеристичен неформалeн и пријателски начин, и одговараше на прашања за неговата соработка со шпанскиот бренд.
За оваа сезона Mango Man се определи за урбана и удобна колекција со основни бои како сива, беж и тегет, а клучни парчиња се парка-јакни, карирани кошули, мантили, плетени џемпери и панталони за џогирање.
-Не сакам да звучи повторувачки, но навистина ми се допаѓа колекцијата. Таа е едноставна, добро скроена и нуди многу комбинации, така како што сакам јас. Се надевам дека тоа се покажува, бидејќи мислам дека моделите навистина ми одговараат – изјави Зидан, кој втора сезона по ред ги промовира моделите на Mango.
Машката линија на брендот е основана во 2008 година и засега ја има во 290 продажни места во 52 земји, вклучувајќи ги Шпанија, Франција, Германија и Русија, се надеваме дека наскоро ќе биде достапна и на македонскиот пазар.
Еве пет изгледи од новата колекција на Mango Man кои се по вкусот на Зинедин Зидан:
Нема коментари