Пердувестите јакни доживеаја враќање во модата и се најдоа во понудата на најзначајните модни дизајнери и брендови, од high-end модната куќа „Баленсијага“ до high street брендот „Зара“. Во моментот монтка-јакната е најдобриот, но и најстилскиот начин да се згреете во сезоната на ниски температури. Пуфнестата јакна, која најчесто ја поврзуваме со спортскиот стил и скијањето, со едноствниот и униформиран стил, сега претставува најтренди облека за оваа зима и доаѓа во различни стилови и бои. Демна Гвасалија во колекцијата на „Баленсијага“ предложи кратки монтки со предимензионирани раменици, креации кои веднаш станаа хит, но актуелни се и подолгите и волуменозни модели кои нудат уште поголема заштита од студот и снегот.
Нема коментари