Малиот црн фустан е модна класика, безвременско парче облека кое го носиме во разни пригоди и скоро во секое годишно време, но сепак зимата и студот го трансформираа во нова трендовска верзија – фустан кој подолг, подебел и плетен. Впрочем плетените и трикотажни модели на фустан се одлика на оваа есен-зима 2021.
Црниот плетен фустан има голема улога во женскиот плакар во зима, со едноставен крој и миди/макси должина лесно се прилагодува на секој стил. Се комбинира со високи чизми со потпетици или со груби чизми на платформа, се носи со ремен или е пуштен слободно да паѓа, може да биде тесен или широк, со деколте или во вид на ролка.
Нема коментари