Топлите земјени тонови како беж, кафена и окер се моден избор на некои од најпознатите инфлуенсерки како Каро Даур, Жанет Мадсен, Ксенија Адонс, Пернил Тејсбек и Леони Хана од кои ги позајмуваме новите стилски идеи за оваа зима. Беж капутот одамна е модна класика, секогаш во тренд. Како актуелна тенденција на ова модно парче им се придружуваат есенско-зимските креации како плетени фустани, но и јакни, бунди, панталони, џемпери, во беж, кафени и окер тонови. Може да ги комбинирате со други бои, но тренд се монохроматските изгледи во некоја од овие нијанси.
Нема коментари