Парискиот стил е мит, состојба на умот, бескраен извор на инспирација… Повеќето жени целат да се облекуваат како парижанките, затоа француски Vogue избра 10 комбинации од ѕвездите на уличната мода кои успеале да го уловат тој препознатлив ноншалантен шик изглед и кои може да ви послужат како пример за зимски изглед.
Каролин де Мегре – Долг капут за издолжена андрогена сиулуета
Емануел Алт – Сако, тесни фармерки и чизми до глужд како шик и везвременска комбинација
Жана Дама – Тренди фармерки и чизми со дебели потпетици за изглед во црно
Камил Шарие – Дебел волуменозен џемпер како задолжително зимско парче
Сузан Колер – Класична бунда со неочекувано забавна постава за поразигран стил
Лолита Џекобс – Ременот на капутот додава одредена структура на целата силуета
Џенифер Нејт – Драматизирајте го изгледот од обични црни фармерки со јакна со впечтлив принт
Амелин Валад – Чантата носете на нов начин, на пример што е можно повисоко
Жералдин Саглио – Носете чизми над колена, ама со пониски потпетици и во спој со фармерки
Клеменс Поези – Не ги заборавајте класиците како мантилот и блузите со риги
Нема коментари