Како доаѓаат постудените денови, така се одлучуваме за потопла облека во која ќе се чувствуваме меко и удобно. Познатите брендови имаат решение токму за следните студени денови во вид на chenille џемпери. Направени од шенил-влакна, односно мека волница со ефект на кадифе, која пак овозможува богат, мек и скоро сјаен изглед на џемперите. Можете да ги најдете скоро во сите high street бренодви кај нас како Mango, Zara, Stradivarius, Pull&Bear, и одлично се комбинираат со џинс, со кожени или винилни панталони, врз плисирано здолниште, со патики или чизми до глужд.
Нема коментари