Префрлањето на содржината на Style.com на Vogue во делот Vogue Runway е комплетна, поточно архива од преку милион фотографии снимени на модните писти во текот на 16 години. Од денес Style.com, онаков каков што го знаеме, веќе не постои. Никол Фелпс, порано извршен уредник на Style.com, сега директор на Vogue Runway, вчера објави дека миграцијата од содржината на еден од најзначајните модни портали на друга дигитална дестинација е готова, а наскоро Style.com треба да се претвори во онлајн продавница што ќе почне да функционира на почетокот од следната година. Во чест на лансирањето на Vogue Runway, на сајтот може да се најдат специјализирани текстови за модата во 90-тите и нејзиното влијание, избор на 25 незаборавни модни ревии, а Vogue ја отвори принт архивата на своите изданија и може да ги видите сите септемвриски броеви на американски Vogue од 1893 година до денес.
Нема коментари