Дизајнерите на „Валентино“ Марија Грација Кјури и Пјерпаоло Пичоли за сезоната пролет-лето 2016 се инспирираа од убавините на Африка креирајќи колекција што реферира на племенски тетоважи, декоративни маски, симболи на животни, шари, везови и детали од мониста од овој контитент, која изгледа убаво, женствено и елегантно, но има една проблематика… Со оваа колекција се разгори постоечката дилема дали е коректно да се користи иконографијата на еден етникум и дали ваквата мода за некои од нив е навредлива или само станува збор за пристојно користење на инпирација за облеката преку која треба да се прослави убавината на традицијата на луѓето од овој континент. Дизајнерите Кјури и Пичоли не се први кои добија критика дека прават проневера за нечие културно наследство, особено поради зборовите дека оваа колекција е иснпирирана од „дивата, племенска Африка“, иако веруваме намерата им била да претстават убава облека вдаховена од друга убавина. (К.Т.)
Нема коментари