Додека е актуелно модното навраќање на 90-тите години, носталгично се потсетуваме на уште едно парче препознатливо за таа декада, популарно и ова лето – слип-фустанот, сензуален модел од свиленкаст материјал, со едноставен крој и тенки прерамки. Потсетува на долга облека, но храбро се носи како горна, главна облека, а сезонава повторно ги истражуваме начините на комбинирање на овој модел на фустан.
Слип-фустанот се вклопува во различни стилови и се носи во повеќе пригоди. Ако сакате да посигнете полежерен стајлинг ќе го комбинирате со патики, ниски сандали или влечки во стилот на Биркенсток, со тексас јакна ако е поладно, со тренди накит и дневна чанта. Слип-фустанот е супер опција за вечерно излегување, тогаш е најдобро да се спои со високи сандали со тенки ремчиња, елегантно палто и свечена мала чанта.
Нема коментари