Комплетите од добро скроено сако и елегантни панталони секогаш биле класика на деловното облекување, особено во корпоративниот свет и професиите со построг бизнис дескод. Модниот бренд Massimo Dutti кој редовно нуди елегатна женска мода погодна за во канцеларија, предлага неколку костими од зимската колекција кои сега можат да се најдат на попуст. Изборот е на класични модели во црна боја и неутрални нијанси, смели модели во впечатливи бои, но и трендовски комбинации со бермуди. Опција се и костимите од кадифе, кои можат да се носат на некој вечерен деловен настан.
Нема коментари