Младата и успешна Зендаја едноставно не прави грешки на црвениот килим и во останати прилики, како современа модна икона брилираше со уште еден стилски избор – на фудбалскиот настан Ballon d’Or во Париз се појави во сензационален фустан со интересен детаљ на грбот.
Имено Зендаја избра да носи модел на Роберто Кавали, на кој интервенираше Фаусто Пуљиси, сегашниот креативен директор на брендот, односно тој го позајми златниот детаљ од модел на Кавали од колекцијата за есен-зима 2000. Се работи за црн, припиен фустан со тричетврт ракави и со отворен грб каде е вметнат драматичниот детаљ во вид на златен ‘рбет и глави на змија. Ефектно и необично, за да се долови креацијата треба да ја погледнете Зендаја од сите агли.
Нема коментари