Долгото зелено кимоно со цветен принт на шпанскиот бренд „Зара“ оваа сезона е хит меѓу трендсетерките на Инстаграм. Моделот, кој е дел од колекцијата пролет-лето 2017 е иделен за лежерни комбинации со фармерки, шорцеви, хеланки, кратки здолништа, за на плажа со костими за капење, но и за во поелегантни изданија за на работа. Блогерките и влијателните девојки на интаграм најчесто го носат во спој со џинс и бела маичка. Кимоната се едни од најзастапените модели оваа сезона. Ги има во понудите на речиси сите популарни high street брендови, за кои ви нудиме неколку стилски идеи како да ги комбинирате овој период.
Нема коментари