Бројни студии докажуваат дека редовното јадење на свеж зеленчук позитивно влијае на општата состојба на организмот, благосостојбата и изгледот. Зеленчукот го намалува ризикот од хронични болести, а недостатокот од него доведува до стрес и лошо расположение. Ова може да се избегне со јадење неколку видови на зеленчук на ден. И што е уште поважно, зеленчукот најдобро да се јаде сиров, подготвен на пареа или на скара.
Еве еден избор на најздрави зеленчуци и некои од нивните квалитети:
• Морковот е полн со витамин А, кој може да помогне во подобрувањето на видот. Може да се консумира како салата или во свежо исцеден сок.
• Брокулата содржи витамин Ц, витамин А и витамин К, покрај тоа, брокулата е многу малку калорична.
• Печурките се добри за срцето и исто така помагаат во спречување на болести.
• Кељот е богат со витамини А и К, се смета за еден од најздравите зеленчуци, добар е за детоксикација на организмот.
• Репката е полна со растителни влакна и минерали, како што се калциум, фосфор и калиум.
• Спанаќот се препорачува редовно да се консумира, бидејќи содржи голема количина на витамин А (половина од препорачаната дневна вредност).
• Аспарагусот е малку калоричен, но има многу растителни влакна и микроелементи.
• Леќата е полна со растителни влакна, фолна киселина и витамин Б, а важи и за одличен извор на железо.
• Боранијата е извор на витамин А, витамин Ц, витамин К и влакна.
• Карфиолот е многу корисен поради витаминот Ц, калиумот и омега-3 компонентата.
• Цвеклото е антиинфламаторен зеленчук богат со антиоксиданти коиј позитивно влијае на крвниот притисок и заштитува од срцев удар.
• Доматите се добри поради тоа што содржат ликопен. Истражувањата покажаа дека ликопенот го поддржува васкуларното здравје и помага во спречување на кардиоваскуларни болести.
• Кромидот содржи кверицин, кој ги подобрува менталните и физичките перформанси.
• Слаткиот компир (батат) е еден од најдобрите извори на бета каротен. Пробајте да комбинирате го со црн грав, фета сирење, зачинински билки и печени пиперки. Таков ручек ќе содржи многу корисни материи.
Нема коментари