Вареното вино ја одбележува зимската атмосфера со својот вкус и мирис, никогаш не е на одмет нов рецепт како да го подготвите дома, следниов рецепт важи за здрава верзија на овој топол напиток во кој има доста зачини.
Состојки:
1 литар црвено вино
Половина лажичка мелено каранфилче
1 лажичка мелен цимет
4 цели каранфилчиња
Прстофат кардамон
1 ½ лажица јаворов сируп или 3-5 капки течна стевиа
2 дебели парчиња од портокал со кора
Малку сецкан ѓумбир
2 ѕвезди на анасон
Начин на подготовка:
1. Ставете ги сите состојки, освен виното и анасонот, во тенџере и додадете една чаша вода.
2. Нека се вари на средна температура додека водата речиси не исчезне.
3. Додадете ги виното и анасонот, намалете ја топлина и оставете сè заедно да се вари 5 минути.
4. Исцедете од поголемите париња и послужете го виното додека е топло.
Нема коментари