Познавачите на здравата исхрана советуваат миксот од семки од лен, сончоглед, тиква и сусам да стане дел од вашата храна и почесто да ги конзумирате. Најдобро е сите заедно – набавете несолени и непечени семки, по можност од органско потекло, исечкајте ги на парчиња и користете ги измешани со јогурт или како додаток на вашата свежа салата. Во нашите продавници, во одделот за здрава исхрана, може да најдете пакувања со семки или веќе готова избалансирана смеса на „Виталија“. Да се потсетиме зошто се важни овие семки.
Семки од лен – Богати се со протеини, влакна, алфа линоленска киселина (ALA) и омега 3 масни киселини. Добри се во борбата со слободните радикали, го подобруваат варењето и кардиоваскуларното здравје.
Семки од тиква – Одличен извор на витамин Е, цинк и манган и содржат ретки антиоксиданси. Една лажица семки од тиква содржи 4-7 мг мононезаситени масти кои го намалуваат лошиот, а го зголемуваат добриот холестерол. Истовремено го јакнат имунитетот и го регулираат нивото на инсулинот.
Семки од сусам – Богати се со калциум, магнезиум и бакар. Го зголемуваат нивото на витамин Е во телото, го подобрува здравјето на срцето и го јакнат имунитетот. Истражувањата покажале дека можат да го намалат ризикот од мултиплекс склероза.
Семки од сончоглед – Содржат добри масти, односно мононезаситени и полинезаситени масти. Богати се со витамин Е, а добри се за коските како извор на калциум.
Нема коментари