Под мотото „Револуцијата почнува од твојата чинија“ утре и во недела во „Скопје сити мол“ ќе се одржи фестивалот „Вегефест 2014“ посветен за подигање на свесноста за најобесправените и речиси невидливите битија на овој свет – фармските животни. Фестивалот е во организација на Здруженето за заштита на животни „Анима Мунди“, а програмата предвидува спортски активности, закуска на веганска храна, музика, мода, танц и театарска претстава за деца. Организаторите на „Вегефест 2014“ велат дека се обраќат на совеста на сите, повикувајќи на сочувствителност, хуманост и разум, како и на тоа да му се даде шанса на животниот стил без насилство, почнувајќи од својата исхрана.
Програмата почнува утре, 15 ноември, во 12 часот во „Скопје сити мол“ со „Калевала бенд“, „Фамилија Тангови“, Girl’s Workout, „Магнус фитнес центар“, а следат претставата „Ојле брадаво животинска балада“ и веганско готвење со Никола Додевски. Во неделата на 16 ноември во 12 часот почнуваат презентации на „Вушу-клуб Феи лонг-таи чи чуан“, јога-клубот „Тара“, здружениеот „Јин јанг“,„Аикидо Зендокан“, си фу Предраг и Винг Чун, кунгфу-клуб „Стрела“ на дисциплини како таи чи, јога, аикидо, а ќе настапат и д-р Јадранка Бибан со совети за правилна исхрана и здрави животни навики, како и танчерите Сара и Нермин Кошан. Во саботата вечерта ќе се одржи хуманитарна забава во кафулето „Ла Кања“ во Старата скопска чаршија. Во рамките на „Вегефест 2014“ претставување со свои тндови на накит и модни додатоци ќе имаат здружението за уметност, креативност у култура „Деница“, Мали нешта (Little Things), „Danna”- Hand Made Jewelry, бижутерија „Конфузија“, Crafty werebunny, M craft’ и Elena Stavreska’s artwork.
Нема коментари