Овој здрав напиток наречен „17 на ден“ ја содржи потребната доза на витамини, минерали и други хранливи состојки, а го јакне имунитетот и штити од сезонски настинки. Во последните години ја прифативме тенденцијата на здрава исхрана и конзумирање зелени напитоци, нека и овој напиток ви стане честа практика. Напитокот им се препорачува на оние што се опоравуваат од сезонски грип и настинки, но секако и на сите оние што сакаат да ги внесат потребните хранливи состојки во својот организам.
Потребни состојки: 1 јаболко, 1 круша, 1 свежа краставица (исечена на коцки од околу 2 см), ½ лимон, ѓумбир (едно парче со големина од околу 1 см), 1 грст свеж спанаќ, ½ стебло од целер, 1 мал морков, 1 грст свеж кељ, ½ главица свежо цвекло, 1 кришка ананас (со дебелина од околу 1 cm), 1 стебленце од брокула (околу 1 cm во големина), тиквичка (парче од 1 см), пашканат (парче од 1 см), анасон (парче од 1 см), 1 парче црвена пиперка и 1 парче жолта пиперка.
Подготовка: Измијте го и исчистете го овошјето и зеленчукот и ставете го во блендер, а по желба може да додадете и неколку коцки мраз.
Зошто „17 на ден“? Бидејќи во него се наоѓаат витамините А, Б, Б1, Б2, Б3, Б6, Ц, Е и К, потоа содржи бета-каротин, калциум, железо, магнезиум, цинк, селен, натриум, сулфур, калиум, фосфор, бакар, хром и бор. Рецептот потекнува од Јапонија, каде што владата на своите граѓани им ги препорачува овие состојки за дневна упореба и каде што живеат најмногу стари луѓе во светот.
Нема коментари