Тајната на успешен стајлинг при комбинација на повеќе, навидум неспоиви парчиња е во балансот на материјали, тонови и шари. Ако на тоа се додаде и бришење на стилските рамки, позитивниот резултат е неизбежен. Повеќеслојноста е предизвик, особено ако целта е компактна, модерна и естетски допадлива комбинација. Во зимските денови, кога повеќеслојноста е нужност поради студеното време, оставете креативноста да поработи. Пробајте да поврзете различни визуелни приказни во една, да миксате зимски со летни парчиња и притоа да се чуствувате убаво и удобно, и што е најважно – топло.
Една од најтешките за реализација комбинации, но истовремено и една од најинтересните е фустан или здолниште врз панаталони. Мора да се подвлече дека ова е спој што нема да помине во секојдневниот бизнис изглед, ниту на работните места каде што се бара одреден дрес код, но во сите други случаи, во слободоното време, за време на викендите или во вечерните излегувања, може да се испроба.
Фустанот врз панталони како тренд на црвениот килим го воведе младата британска актерка Ема Вотсон пред две години на доделувањето на наградите „Златен глобус“, кога се појави во креација од „Диор“, црвен фустан врз темносини панталони. Со ова покажа дека заврши ерата на здодевни и класични гламурозни фустани и дека црвениот килим „трпи“ и модерни и стајлиш комбинации.
Комбинацијата на здолните со панталони лани беше еден од најголемите трендови на модните писти, како дел од колекциите за пролет-лето 2015 и во линиите есен-зима 2015/16. Оваа тенденција е неколку години застапена и во уличната мода. Дел од најследените блогерки повеќе сезони експериментираат и нудат креативни идеи со овие парчиња.
Во својот секојдневен изглед можете на повеќе начини да ги комбинирате здолништата или фустаните со панаталоните или фармерките. Може да изберете меѓу женствени, момчешки, ретро, па и футуристички стајлинзи. Во горниот дел, здолништата може да ги споите со впечатлив џемпер или блузон со нагласен волумен, фустаните со ролка, кошула и различни кроеви на палта. Во зависно од приликата изберете панталони, фармерки и стил на чевли. Чизмите, патиките, рамките чевли и чзимичките до глужд се иделани за девојките во постојано движење, а ако сакате да доловите елеганција, вметнете уникатни чевли со висока потпетица.
Женственоста се доловува со избор на нежен, секси или свечен фустан, од свила или тантела, а опција е и транспарентно здолниште . Комбинирајте ги со молив панталони, високи потпетици, кратко „шанел“палтенце или со мантилче што ја следи линијата на вашето тело.
Девојките што го негуваат спортскиот, младешки или момчешки изглед може да искомбинираат фустан-кошула од џинс или со каро-шара до над колена со фармерки или панаталони. Стајлингот може да се збогати со бомбер-јакна, долг џемпер и патики. Исто така на располагање се и памучните фустани, ккао и здолништата со копчиња, кои добро одат со машки кроеви на панталони.
Ретро-имиџот се постигнува со шарени фустани или здолништа, како и модели со преклоп, облечени врз пошироки панаталони или модели со ѕвонест завршеток. Тука се и машките форми на панталони, врз кои може да облечете долга кошула. Комбинирајте со кратки чизми, или ниски чевли со машки крој. Нема да погрешите и ако облечете фустан на прерамки врз кошула со викторијалснки елементи.
Футуристичкиот изглед пред сè се постигнува со асиметричните форми на фустан, со избор на еднобојни парчиња(сиво, светлорозова, светлосина, бела, црна или крем). Тука се и фустаните со А-форма врз панталони со прав крој. Додајте класично сако, долг елек или долг капут. (А.Н.)
Нема коментари