Викендов се случи завршната ревија или финалето на курсевите за модели во организација на модната агенција „Моделс ИН“. После два месеци напорна работа идните модели ги добија сертификатите, и следствено на тоа остануваат во агенцијата како нивни нови заштитни лица. На завршната ревија идните модели мораа да покажат што се научиле од нивните ментори Надица Георгиева и Алек Наумовски пред жирито кое ги оценуваше. Во жири комисијата беа долгогодишните докажани модели од самата агенција како Ана Данчевска, Елена Гугоска и Павле Николовски , како и водителот Димитар Атанасовски.
Дел од девојките ќе влезат во големото финале за изборот The look of the Year кој ќе се случи за еден месец во Скопје. „Моделс ИН“ во соработка со Јелена Ивановиќ од Model Scouting Office од Белград веќе трета година по ред учествува со свои модели на овој престижен избор на модели, каде девојките се здобиваат со шанса да направат голема интернационална кариера и да потпишат договор се некоја модна агенција. Лани во финалето на The look of the Year влезе манекенката Јована Нешова.
Нема коментари